Само неколку моменти откако ограбил банка и укал повеќе од 5000 долари, еден човек бил ограбен и самиот. Според зборовите на очевидци, човекот трчал низ улицата кон својот стан, а од вреќата која ја носел му паѓале пари. Неколку моменти подоцна, две лица кои го следеле цело време, влегле по него во станот и му ја зеле вреќата со пари.

Соседите на несреќниот крадец повикале полиција која веднаш отишла во неговиот стан каде го затекнале со повреди. Неговиот цимер на полицијата и раскажал дека неколку дена претходно му признал дека планира да ја ограби банката. Сепак, обајцата биле уапсени, додека напаѓачите на крадецот не биле фатени. Инаку, тоа не е единствен таков случај. Според медиумите претходно еден крадец, кој на жена и украл мобилен, го удрил автобус. Минал само со полесни повреди.