Со плава перика и лажни гради, Денис Хокинс влегол минатата сабота во една банка во Пенсилванија со намера да ја ограби. Откако пристојно чекал ред да дојде до благајната, вперил пластичен пиштол и ги побарал парите. Успеал да го собере пленот, па се скрил зад едно дрво во близина каде сеуште го прателе надзорните камери.


Потоа побегнал до една бензинска пумпа каде замолил едно момче да го превезе. Откако овој го одбил, Денис седнал во паркиран автомобил во кој веќе седела сопственичката. Жената ги зела клучевите и побегнала, а потоа повикала полиција, која го нашла Денис во автомобилот во кој го оставила жената.