Кристофер Вокер добил отказ како технолошки вишок и здогледувајќи во Бирмингем чувар кој изнесува пари од банка во комбе решил набрзина да се збогати. Зграбил едно дрво кое му се нашло при рака, го истепал чуварот и му ја зел вреќата во која имало околу 25 илјади евра.


Минувачите останеле зачудени кога побегнал во својата куќа која се наоѓала спроти банката. Полицијата го уапсила за неколку минути. Ги замолил да не ја срушат вратата на соседите и признал дека парите ги сокрил на нивниот таван. Го осудиле на две и пол години затвор.