Патрик Росарио од сојузната американска држава Вашингтон се погрижил двата крадци да не ги однесат неговите три плазма телевизори и  го одвел комбето со кое го планирале бегството.


Росарио (32) бил во подрумот на својата куќа во Белви, кога ги слушнал кратците како влегуваат во куќата. Ја повикал полицијата додека се искрадувал од куќата. Тогаш видел бело комбе паркирано пред куќата, со вклучен мотор и клучеви на место, па седнал во возилото и се одвезол кај еден свој пријател.

Полицијата соопштила дека кратците на прагот ги оставиле телевизорите, лаптоп компјутерот и кутијата со накит, и побегнале во непознат правец.