Разбојник вооружен со пиштол, вчера, среде бел ден ги ограбил аптеките “Маја-фарм” и “Галиум-фарм” и бутикот  за долна облека “Лиска” во центарот на Охрид.  Во некој од соседните локали каде што се случиле  разбојништвата имало поставено камера, па полицијата се сомнева дека разбојникот е снимен додека поминувал покрај неа.


Според полицијата кражбите се случиле  во времето од 17.45 до 19 часот, при што разбојникот  на вработените во објектите,  под  закана со огнено оружје-пиштол им барал пари,  по што веднаш ги напуштал објектите. Според првичните сознанија, сторителот на овие кривични дела, одзел околу 16.000 денари.

СВР Охрид, презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што ги извршило трите кривични дела “Разбојништво”.

OhridNews
Извор:СВР-Охрид