Денес, во раните утрински часови непознат сторител извршил кражба во рибарница што се наоѓа во рамки на охридскиот градски пазар.
Како што информираат од СВР Охрид, сторителот ја обил помошната врата на објектот и влегол внатре каде од касата одзел околу седум илјади денари.
Од страна на полициските службеници извршен е увид на местото на кражбата.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
OhridNews