Според првичните неофицијални информации, грабежот се случил во 07.05 часот, непосредно по отворањето на поштата, кога разбојникот упаднал внатре и под закана со оружје од вработените однел пари.
Разбојникот според првичните информации од истрагата бил снимен од една од безбедносните камери на филијалата на „Охридска банка“ која се наоѓа во непосредна близина. Тој на себе имал црна „фантомка“, долг црн капут и ракавици. Неофицијално од поштата однел околу 51.000 денари.
Екипи на Секторот за внатрешни работи од Охрид, истражен судија и јавен обвинител извршија увид на местото на грабежот. Истрагата е во тек.