Куќата на бразилскиот фудбалер Роналдињо која се наоѓа во месноста Галиате Ломбардо, 45 километри северно од Милано, беше ограбена.
За време на грабежот во куќата немало никој, бидејќи Роналдињо и неговото семејство се наоѓаат во нивната татковина на одмор. Куќата има големо обезбедување, но наспроти 24-часовниот надзор, крадците сепак успеале да ја ограбат. Според полицискиот извештај, тие украле накит и часовници вредни неколку десеттици илјади евра, но нивна мета не биле фудбалските трофеи од Роналдињо, меѓу кои и златната топка добиена во 2005-та за најдобар играч на годината.
Ова е втор случај на грабеж на фудбалер од серијата А во последните 7 дена. Неодамна беше ограбен и играчот на Наполи, Словакот Марек Хамшик.