Крадци ја обиле куќата на фудбалерот на Милан Марио Балотели и во таа прилига го украле неговото Порше, кое подоцна било пронајдено, како и сиот накит и скапоцености. Балотели за време на грабежот бил на вечера со својот брат Енох.
Балотели на Твитер порачал дека се чувствувал празно. Немал никакви емоции и секогаш ќе се бори за луѓето кои ги сака, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Овој инцидент се случил недолго откако пред ноќен клуб едно лице се обиделода го украде неговиот мобилен телефон.