Вилата на најпознатиот британски и светски готвач Џејми Оливер, која неодамна ја купи во северен Лондон е обиена, а крадците од куќата украле два електрични шпорети. Оливер, кој моментално ја снима новата кулинарска емисија “Jemies Food Fight club”, како и неговата сопруга Џулс Оливер не биле дома, пренесуваат британските медиуми.
Кражбата ја пријавил еден од соседите кога забележал дека вратата од вилата е отворена, а се претпоставува дека крадците влегле низ гаражата, пренесуваат британските медиуми. Познатиот готвач неодамна ја купи вилата во Северен Лондон за речиси 11 милиони долари или 7 милиони фунти.