Една од најпривлечните пејачки на македонската фолк сцена Елена Велевска пред неколку дена била ограбена ограбена, и тоа при снимање на нејзината нова фотосесија, тврдат извори блиски на пејачката, пренесува „Макфакс“.
 
По промоцијата на песната „Во лицето на совеста” што ја испеа заедно со Љупче Василев која многу добро ја прифати македоската публика, следуваат и многу фотосесии кои Елена ги правеше деновиве во Охрид и на атрактивни локации во поширокиот регион на Охридското Езеро. Но за нејзина несреќа токму на една фотосесија, позирајќи на фотографот, Елена заборавила да го заклучи својот „мерцедес” и го оставила со отворени прозорци. Во колата и’ била оставена чантата заедно со паричникот, коишто исчезнале од автомобилот.
Според блиските на Велевска, наводно кражбата била веднаш пријавена во полицијата.
„Не жалам за паричните средства, бидејќи не беа голем износ што не се прежалува, но во новчаникот ми беше и личната документација којашто морам повторно да ја вадам и кредитните картички кои морам да ги стопирам, а тоа ќе ми одземе дел од моето драгоцено време кое и баш го немам во изобилие летово, бидејќи ова ми е едно од најангажираните лета досега. Затоа за мене времето е многу драгоцено и слободното време кое го имам многу малку, има големо значење за мене. Сепак ме радува одлично завршената фотосесија и продолжувам понатаму со убавите страни на животот”, вели Елена Велевска.
OhridNews
извор:„Макфакс“