Според СВР Охрид, грабежот се случил во 2 часот и 30 минути, а при тоа нема повредени лица. Во моментот на извршувањето на кривичното дело, еден од разбојниците стражарел надвор, додека другите двајца влегле во работната просторија на бензиската станица. Со закани дека ќе го убијат, на вработениот во бензинската му наредиле да легне на подот, а потоа насилно му ја одзеле работната чанта во која имало 20.000 денари.
СВР Охрид и полициската станица од Струга, по извршениот криминалистичко-технички увид, преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело.
Ова е втор грабеж на оваа бензинската пумпа за една година. Истата, беше ограбена и на 18 мај минатата година, кога тројца маскирани разбојници од вработените однесоа 710 илјади денари од дневниот промет.