Британскиот принц Хари е ограбен, тврди весникот „Сан“. Наводно крадец во ноќен клуб во Африка му го украл мобилниот телефон, а потоа и рекол на полицијата дека мислел дека ограбува „обичен белец“.

Хари со пријателите од војска, откако помагале во изградба на училиште, се забавувал во ноќен клуб, кога од неговата маса исчезнал мобилниот телефон.


Принцот Хари помага во изградба на училиште

Полицијата од Бутха Бутха во државата Лесото на југот на Африка  брзо го пронашла мобилниот телефон на принцот.

„Кога го најдовме крадецот ни требаше време да му објасниме дека мобилниот што го украл е всушност мобилен од принц. Нему Хари му изгледал како обичен белец“, рекле од полицијата.

23 годишниот Хари успеал да ги сочува контактите што ги имал во телефонот.