На русин му се заканува казна затвор бидејќи по жестока расправија со бившата сопруга го изел нејзиниот пасош. Полицијата во Русија го уапсила Иван Волоков (31) откако го искинал пасошот на Ана и го изел до последното ливче.


– Бившите сопружници се штотуку разведени, но останале да живеат во заедничкиот стан – изјавил портпаролот на полицијата.
Волоков сакал да го уништи пасошот бидејќи тоа бил единствениот нејзин службен документ кој докажува дека има право да живее во станот. Обвинет е за уништување на службени документи и закана.