Поради ветерот, од безбедносни причини не се одржа огнометот најавен за отворањето на Безбедносниот форум на НАТО во Охрид, соопшти организаторот. „Имаме доволно залихи што можеме да ги употребиме за огномет во Букурешт“, рече министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, алудирајќи на очекувањата на Македонија од следниот Самит на НАТО.
Ианаку НАТО форумот заврши со официјално признание и благодарност за одлично организираниот собир во Охрид, од страна на заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Алесандро Минуто Рицо.
Во завршното обраќање на форумот беше речено дека изнесените идеи, размислувања и ставови ќе помогнат во дефинирањето на политиката на НАТО и за унапредување на безбедноста.
Г.М.