Во Владивосток, каде што е во тек самитот на Азиско – пацифичката економска соработка, вечерва е организирано грандиозно светлосно шоу со огномет, ласери и музика, кое чинело 275 милиони рубљи, или околу 8,8 милиони долари.

Секоја минута од шоуто чинела околу 430.000 долари, а целиот настан траел 20 минути, пренесуваат РИА новости. Спектаклот над заливот Златен Рог го припремиле руско – германски експерти и се состоел од 150 сцени.
Музичката подлога се состоела од познати композиции, почнувајќи од руските класици па завршно со темата од филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд. 
Повеќе илјадници жители на Владивосток ги следеле букетите од огномет во најразлични бои, а во тоа не им пречел ни дождот кој паѓал.