Стотици хектари квалитетна шума изгореа во серијата пожари што ова лето го зафатија охридскиот регион. Последиците од последниот пожар во атарот на селото Врбјани-Дебарца сеуште не се сумирани бидејќи, огнот кој вчера беше ставен под контрола сеуште тлее на одредени локации во тешко достапните планински предели на Пресека.


на Пресека огнот сеуште тлее

Пожарот кај Врбјани  зафати голема површина шума од двете страни на магистралниот пат Охрид-Скопје, а сликата по неговото локализирање е страотна.


огнот ги опустоши шумите

Огнената стихија што ова лето ја зафати земјава се проценува дека однесе неколку илјади хектари високо квалитетна шума. За да се обнови уништената шума потребни се повеќе од четири децении, велат експертите. Според нив потребно е  итно да се преземат мерки за ублажување  на последиците од  катастрофалните пожари, пред се акции за пошумување на местата кои беа зафатени од огнената стихија.Во спротивно ни се заканува еколошка катастрофа предупредуваат експертите.

Г. Момироски