Само неколку часа откако македонската зеадница во Австралија радосно соопшти дека чудо го спасило манастирот Свети Климент Охридки во местото Кинг Лејк, непредвидливиот ветер повторно го разгорел огнот кој го зафатил и светото место. Покрај манастирот изгореле и повеќе објекти во околината во која живеат македонски иселеници.

Ова е голема трагедија за македонската заедница во Австралија, која е во шок по големата несреќа што се случи во Кинг Лејк, изјави Васко Ангелоски – иселеник од охридско и уредник на ЗЗЗ радиото Мелбурн-програма на македонски јазик.


Ангелоски, за Ohridnews ја опиша страшната слика во Австралија.  Пожарите се стравични, топлина извира од земја, а надвор не може да се издржи ниту 5 минути. Огнената стихија голта се пред себе, а пристапот до местата каде беснеат пожарите е забранет од безбедносни причини, вели Ангелоски.

Бројот на жртви во големите пожари што беснеат во Австралија надмина 100, уништени се над 750 домови, а повеќе од 380.000 илјади хектари шума се претворени во пепел. Загрозени од огнената стихија се и голем број македонци кои живеат во државата Викторија, каде се уништени и цели градови.Со огнената стихија во Австралија се борат десетици илјади пожарникари на кои од вчера им се придружија припадници на армијата.

Ohridnews