Доколку сакате да знаете дали имате температура, доволно е да застанете пред огледалото „Нец“. Станува збор за јапонски изум, огледало кое со помош на одразот на телото ја мери температурата. Производителите велат дека оваа иновација во потполност ќе го потисне традиционалниот термометар.


Интересно е тоа што новото огледало во себе ги содржи истите термографски ултрацрвени сензори кои се користат на аеродромите за регистрирање на болест кај патниците.