Во пожар што утрово го зафати магацинот во зградата на ЈП Охридски Комуналец, изгореа повеќе метли и друг помошен матерјал. Во пожарот нема повредени, а матерјалната штета се утврдува.
изгоре оставата со метли
Пожарот како што ни раскажаа очевидци настанал од невнимание. Имено утрово работници со шлајферица ги сечеле скалите на влезот од зградата на Комуналец, кои се наоѓаат над магацинот во кој се чувале метлите и другите средства за јавна хигиена. Најверојатно тие се запалиле од искрите од сечењето на металните шипки по што пламнала целата просторија. За среќа пожарот со брза интервенција бил изгаснат и било спречено негово проширување на околните објекти.
За среќа пожарот брзо бил локализиран
ohridnews