Судискиот одбор во Општинскиот фудбалски сојуз ќе врши омасовување на организацијата. За таа цел во тек е пријавувањето и прием на нови млади судии.

Сите заинтересираните кандидати, на возраст од 16 до 26 години кои имаат познавања од фудбалската игра, како и психофизички способности за тренинг и натпревари, треба да се пријават во Општинскиот судиски одбор.

Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз кај полигонот за мали спортови.

ohridnews