Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) и Здружението на фудбалски судии (ЗФС) му приредија мало изненадување на Димче Стојкоски-Лепи за неговиот осумдесетти роденден. Почесниот претседател на ОФС Охрид им се заблагодари на луѓето од охридскиот фудбал за роденденската торта и средбата на која се евоцираа спомени од минатото и се разговаше за фудбалот во регионов.

  • Успеавте во намерата пријатно да ме изненадите за мојот 80-ти роденден. Ви благодарам за тортата, за убавите желби и зборовите. – изјави Стојкоски.

Тој е еден од основачите на ОФС Охрид и Здружението на фудбалски во Охрид. Во 2010 година популарниот „Лепи“ беше прогласен за почесен претседател, а фудбалот во Охрид вечно живее во неговите девет книги. Во 2015 година се закити со наградата признание за животно дело за 50-годишната работа во охридскиот спорт.

OhridNews