Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид го продлабочи пријателството со Општинскиот фудбалски сојуз од Јагодина од Република Србија. Преставниците од ОФС Охрид имаа успешна работна посета на која беше разговарано за повеќе работи за и околу спортот со преставниците од ОФС Јагодина и градоначалникот Драган Марковиќ-Палма.

– Имавме конструктивна посета на Јагодина на која договориме меѓусебна соработка на повеќе полиња. Ова наше пријателство не е ново, бидејќи неколку години се дружиме и ние одиме во Јагодина и тие доаѓаат во Охрид, но сакаме да зголемиме како на спортски така и на економски план. – изјави Диме Попоски претседател на ОФС Охрид. 

Посебна статија во печатениот весник „Нов пат“ имаше за посетата на охридската делегација која ќе има задача да се покаже во вистинско светло во август месец кога големите пријатели ќе дојдат во Охрид.

OhridNews