Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид се покажа како добар домаќин, откако гостите од Општинскиот фудбалски сојуз од српскиот град Јагодина заминаа со добри спомени и позитивни впечатоци од тридневната посета на нашиот град.

ОФС Охрид со помош од Општината Охрид и градоначалникот Јован Стојаноски организираше посета на манастирскиот комплекс во Св. Наум, а гостите еден ден беа на излет во Скребатно.

  • Ни преставува голема чест што сме гости во еден ваков град каков што е Охрид. Многу ни е мило што нашата соработка продолжува. Јас немам зборови со кои можам да им се заблагодарам на домаќините кои се потрудија да ни пружат се што можат да се чуствуваме како дома. – изјави првиот човек на ОФС Јагодина.

Градоначалникот на Охрид, Стојаноски посака двата клубови да соработуваат и деловно. Односно, српскиот клуб да дојде на подготовки во Охрид во зимскиот период, а охридскиот да патува во Србија на лето.

  • Јас посакувам соработката да се крене на едно повисоко ниво и двата клубови да соработуваат и професионално. За нив знам дека се натпреваруваа во Втората лига, а сега нам ни е редот да обезбедиме пласман во Втората лига и да бидеме рамо до рамо. – изјави Стојаноски.

Во мај месец петнаесетчлена делегација од Охрид беше на посета на Јагодина, што значи дека двете страни можат да се пофалат со одлична работа во 2018 година.

Мх.П.