Викендов, се одигра последната рунда од есенската полусезона во Општинската фудбалска лига.
Гостинската чест во последната рунда ја одбрани тимот на Св. Петар кој со 4-3 славеше против Велмеј додека Злести, Славеј, Вулкан и Воска Спорт на домашен терен извојуваа победи.
Есенски шампион е екипата на Воска Спорт која есенскиот дел го заврши со едно реми и без пораз.
Резултати:
Велмеј – Св. Петар 3-4
Злести – Воска 2002 6-3
Славеј – Лакочереј 5-0
Вулкан – Вапила 3-0
Воска Спорт – Рудар 5-3
OhridNews