Екипите на Вулкан и Лакочереј на 10 јуни со почеток во 17 часот ќе ги одмерат силите во финалето од баражот во Општинската фудбалска лига.
Вулкан во полуфиналето со 2-0 го совлада тимот на Дебрца, додека Лакочереј после изведувањето на пеналите го елиминираше Славеј (3-1), откако регуларниот дел заврши без победник 0-0.
Победникот од баражот во ОФЛ обезбедува пласман во квалификациите за влез во Третата македонска фудбалска лига.
Резултати: Вулкан – Дебрца 2-0, Славеј – Лакочереј 0-0 (1-3 пенали)
OhridNews