Фудбалерите на Воска со убедливата победа над Вапила 4-0 на „Грашница“ ја започнаа пролетната полусезона во Општинската лига.


Со погодокот на Ване Никодиноски домаќините го скршија отпорот на гостите во првиот дел и ја наговестија победата.


Во продолжението од мечот домашната екипа со двата погодоци на Елвис Бајрам и едниот на Јашар стигна до убедлив триумф.


Со овој триумф тимот на Воска се зацврсти на четвртата позиција со 17 бодови и го продолжи походот кон водечката тројка Дебрца, Лакочереј и Сатеска.

Мх.П.