Екипата на Воска на „Грашница“ со 5-2 го совлада составот на Дебрца во првата рунда од Општинскиот Куп.


Мрежите во првиот дел се тресеа по еднаш во двете страни. Вистинска голеада следеше во второто полувреме кога домаќините постигнаа четири, а гостите еден погодок.


Освојувачот на трофејот во Општинскиот куп обезбедува учество во 1/16 финалето од Купот на Македонија.

Мх.П.