Екипите на Воска и Сатеска ќе се сретнат во финалето од завршницата на Општинската фудбалска лига.

Во второто полуфинале „плаво белите“ со 2-1 го совладаа Рудар и обезбедија меч со Сатеска во финалето.

Херој на фудбалерите од „Грашница“ беше капитенот Ване Никодиноски, кој погоди од пенал во 85-та минута за победа. Претходно во 14-та минута Наумоски го отвори резултатот, а Рудар изедначи во 34-та со погодокот од пенал на Климент Танаскоски.

Финалето од Општинската фудбалска лига е закажано за в недела со почеток од 17 часот.

Мх.П.