По триумфот над лидерот Лакочереј, фудбалерите на Воска славеа нова победа во дерби натпревар совладувајќи го тимот на Сатеска 3-0 во вондредната 14-та рунда во Општинска фудбалска лига.
Победата над Сатеска во Волино ги врати фудбалерите на Воска во игра за првата позиција на табелата, која води директно во Третата лига.
Капитенот и повратникот во екипата Елвис Бајрам го отвори резултатот, а Јашар Јашар и Љупчо Далчев ставија печат на победата во дербито.
Со трите бодови Воска стигна до 29-от сезонава додека Сатеска со еден повеќе се наоѓа на втората позиција на табелата.
Мх.П.