Екипата на Воска без игра со службени (3-0) ја совлада Дебрца во 1/2 финалето и се пласираше во големото финале во завршницата од Општинска фудбалска лига.
Противникот на клубот од „Грашница“ без претходно никаква најава до делагатот и официјалните лица не допатува на „Атина Бојаџи“ каде требаше да се одигра мечот.
Фудбалерите на Воска излегоа на теренот во прописното време, а противник немаше и го добија мечот со службен резултат (3-0).
Воска во финалето кое ќе се одигра на 23 мај го чека подобриот од вториотполуфинален натпревар меѓу Сатеска – Рудар, кој е на програма в недела во 17 часот.
Мх.П.