Четирите водечки екипи во Општинската фудбалска лига забележаа нови победи и ја продолжуваат борбата за првата позиција на табелата.
Лидерот на табелата Охрид со 9-0 славеше против Злести на теренот со вештачка трева, Сатеска, пак, со 9-2 го совлада составот на Рудар, Дебрца беше подобра од Вапила со 4-2, а Лакочереј со 2-1 беше поуспешен од Св.Петар.
Двојки: Сатеска – Рудар 9-2, Вапила – Дебрца 2-4, Лакочереј – Св. Петар 2-1, Охрид – Злести 9-0, Вулкан – Воска 2-2.
Табела : Охрид 28 бодoви, Сатеска 27, Дебрца 26, Лакочереј 23, Воска 12, Св. Петар 8, Рудар 7, Вапила 6, Вулкан 6, Злести 5.
OhridNews