Екипата на Велмеј ја одбрани честа на гостите, победувајќи со 1-2 на гостувањето кај тимот на Злести, во третата рунда од Општинската фудбалска лига.
Победи на домашен терен забележаа Вулкан кој со 4-0 го совлада Слатино, Дебрца која со 3-0 славеше над Вапила и Славеј и Св. Петар, кои со идентични 5-2 ги преслушаа Рудар односно Воска.
Лидер на табелата по три одиграни мечеви се Славеј и Вулкан со максимален број на бодови.
- Резултати:
Вулкан – Слатино 4-0
Дебрца – Вапила 3-0
Славеј – Рудар 5-2
Злести – Велмеј 1-2
Св. Петар – Воска 5-2
Лакочереј слободен
Табела: Славеј 9, Вулкан 9, Св. Петар 6, Дебрца 6, Слатино 3, Лакочереј 3, Велмеј 3, Воска 3, Рудар 0, Злести 0, Вапила 0
OhridNews