Само по три одиграни натпревари екипите на Охрид, Лакочереј и Сатеска наговестуваат возбудлива сезона во Општинска лига забележувајќи исто толку победи.


Во третата рунда Охрид, Лакочереј и Сатеска на своите терени убедливо славеа против Св. Петар (7-2), Рудар (3-0) односно Дебрца (3-0) и ја продолжија победничка низа.

Први бодови во новата сезона освои Вапила која со 5-2 го совлада тимот на Воска.

Резултати : Вапила – Воска 5-2, Вулкан – Злести 4-0, Лакочереј – Рудар 3-0, Сатеска – Дебрца 3-0, Охрид – Св. Петар 7-2.

Табела : Сатеска 9 бодови, Охрид 9, Лакочереј 9, Дебрца 4, Вулкан 4, Воска 3, Вапила 3, Злести 0, Св. Петар 0.

Двојки (4.коло) : Лакочареј – Охрид, Воска – Сатеска, Рудар – Дебрца, Злести – Вапила, Св. Петар – Вулкан.

Мх.П.