Најубедлива победа во последното есенско коло во Општинската фудбалска лига ја оствари екипата на Вапила против Злести победувајќи 11-1.

Шестте голови на Буџакоски, по два на Аврамоски и Нејкоски и еден на Ѓорѓиески беа доволни да ја торпедираат екипата на Злести.

Резултати : Лакочереј – Дебрца 1-3. Св. Петар – Илинден 4-2, Сатеска – Рудар 3-0, Воска – Славеј 3-0.

Табела : Дебрца 23, Лакочереј 22, Сатеска 21, Воска 14, Илинден 13, Вапила 9, Славеј 9, Рудар 9, Св. Петар 6, Злести 4.

Мх.П.