Три победи на домаќините и еден гостински триумф е епилогот од најновата рунда во Општинската фудбалска лига во Охридскиот регион.

На гостински терен триумф славеше Славеј, победувајќи ја Дебрца со 4-2. На домашно тло победи забележаа Вулкан против Злести 6-0, Вапила која со 5-1 го совлада Велмеј и Лакочереј кој со 7-1 го преслуша Св. Петар.

Комплетната екипа на Лакочереј.

Воска 2002 се откажа од натпреварувањето и Општинската фудбалска лига ќе продолжи со десет екипи. Тимовите на Слатино и Рудар беа слободни.

  • Резултати:

Вулкан – Злести 6-0

Вапила – Велмеј 5-1

Дебрца – Славеј 2-4

Лакочереј – Св. Петар 7-1

OhridNews