Составите на Св. Петар и Дебрца забележаа убедливи победи во втората рунда од Општинска фудбалска лига триумфирајќи на домашен терен против Вапила 7-0 односно Лешани 8-1.
Со победата Св. Петар ги запиша првите бодови на табелата, додека Дебрца стигна до вториот триумф на почетокот од сезоната.
Гостинска честа во второто коло ја одбрани тимот на Славеј кој славеше 2-0 над Лакочереј.
Бодовите од дербито на колото помеѓу Вулкан – Рудар им припаднаа на домаќините кои славеа со 3-0.
Резултати: Вулкан – Рудар 3-0, Дебрца – Лешани 8-1, Лакочереј – Славеј 0-2, Св. Петар – Вапила 7-0.
Табела: Славеј 6, Дебрца 6, Вулкан 4, Рудар 3, Св. Петар 3, Лакочереј 1, Вапила 0, Лешани 0.
OhridNews