Рудар и Воска прокнижија нови три бодови на контото во Општинска фудбалска лига победувајќи ги Вулкан (6-2) односно Славеј (3-0) на домашен терен.


Со триумфот над Славеј фудбалерите на Воска се доближија на пет бодови од лидерот на табелата, Лакочереј, додека Рудар го „отпиша“ составот на Вулкан во борбата за четвртата позиција.

Во останатите два натпревари бодовите ги поделија Св. Петар – Вапила и Лешани – Дебрца ремизирајќи 2-2 односно 3-3.

Двојки: Воска – Славеј 3-0, Лешани – Дебрца 3-3, Св. Петар – Вапила 2-2, Рудар – Вулкан 6-2, Лакочереј слободен

Табела: Лакочереј 34, Воска 29, Дебрца 27, Рудар 26, Вапила 20, Вулкан 19, Славеј 11, Лешани 8, Св. Петар 7, Злести 4.

OhridNews