Екипите на Охрид, Сатеска и Дебрца ја продолжуваат битката за првата позиција во Општинската фудбалска лига.
Лидерот на табелата, Охрид во 15-та рунда ќе се сретне со тимот на Вулкан во Косел додека Сатеска и Дебрца на домашен терен ќе ги пречекаат екипите на Св. Петар и Злести.
Двојки: Сатеска – Св. Петар (сабота 16:30ч), Вулкан – Охрид (недела 15ч), Вапила – Лакочереј (недела 17ч), Воска – Рудар, Дебрца – Злести.
Табела: Охрид 37 бодoви, Сатеска 34, Дебрца 33, Лакочереј 27, Воска 15, Св. Петар 12, Вулкан 12, Вапила 12, Злести 6, Рудар 4.
OhridNews