Екипите на Злести и Дебрца го одиграа највозбудливиот натпревар во 12-та рунда ремизирајќи со неверојатни 5-5.


Најубедлива победа во ова коло забележа Воска победувајќи со 5-1 на теренот од противникот Свети Петар.

Петте погодоци за Воска ги постигнаа четири различни фудбалери. Два реализираше Далчев, а по еднаш прецизни беа Никодиновски, Јашар и Махоски.

Резултати : Сатеска – Славеј 3-0 службено, Лакочереј – Вапила 2-0, Рудар – Илинден 3-1, Злести – Дебрца 5-5, Св. Петар – Воска 1-5.

Табела : Лакочереј 31, Дебрца 27, Сатеска 27, Воска 23, Рудар 18, Илинден 15, Вапила 12, Злести 8, Славеј 6, Св, Петар 6.

Мх.П.