Екипата на Славеј се изедначи со Дебрца на врвот од табелата, откако во трилер меч славеше со 5-4 во дербито од третата рунда во пролетната полусезона во Општинската полусезона.
Со триумфот над Дебрца фудбалерите на Славеј се извадија за поразот од Лакочереј претходната рунда и се вратија на победничките патеки.
Предноста на домашен терен во победа ја капитализираа екипите на Лакочереј и Св. Петар кои славеа над Рудар 5-0 односно Лешани 4-1.
Резултати: Дебрца – Славеј 4-5, Лакочереј – Рудар 5-0, Св. Петар – Лешани 4-1, Вулкан слободен.
Табела: Дебрца 24, Славеј 24, Лакочереј 17, Вулкан 13, Рудар 12, Св. Петар 12, Вапила 4, Лешани 3.
OhridNews