Екипата на Сатеска обезбеди пласман во финалето во Општинска фудбалска лига. Во вториот полуфинален натпревар „црвените“ со 3-2 го совладаа Рудар.
На „Атина Бојаџи“ прво до водство стигнаа фудбалерите на Сатеска преку Стоески, а Рудар изедначи со погодокот на Котоски.
Во вториот дел „зелените“ стигнаа до предност со голот на Балоски, но Бочески па Митрески донесеоа егал па пресврт за конечна победа 3-2.
Во финалето во сабота во 17 часот Сатеска ќе се сретне со Воска, која со службени 3-0 славеше над Дебрца.
Мх.П