Фудбалерите на Охрид го продолжија победничкиот низ во Општинската фудбалска лига совладувајќи го тимот на Свети Петар со високи 7-2.
До третата победа во третиот натпревар во новата сезона Охрид стигна со голеада кон противничкиот гол.
Четири од седумте погодоци избраниците на тренерот Митко Стојаноски постигнаа во првиот дел, а работата за убедлива победа ја завршија со уште три голови во вториот.
По два пати противничката мрежа ја погодија Јован Китрозоски и Елвис Бајрам, а по еднаш прецизни беа Александар Струмоски, Александар Кузманоски и Љупчо Далчев.
Во четвртата рунда од Општинска лига Охрид ќе се сретне со екипата на Лакочереј на гостински терен.
Ohridnews