Вкупно 19 погодоци во четири натпревари постигнаа стрелците во првата рунда од новата сезона во Општинската фудбалска лига.

Најефикасен натпревар беше помеѓу Лешани и Славеј кој заврши во корист на гостите 6-1. Еден гол помалку имаше на дуелот Рудар – Св. Петар (5-1), додека четири погодоци имаше во дербито на колото Вулкан – Лакочереј (2-2), а само два голови имаше на мечот Вапила – Дебрца (0-2).

Резултати: Вапила – Дебрца 0-2, Рудар – Св. Петар 5-1, Вулкан – Лакочереј 2-2, Лешани – Славеј 1-6.

Табела: Славеј 3, Рудар 3, Дебрца 3, Вулкан 1, Лакочереј 1, Вапила 0, Св. Петар 0, Лешани 0.

OhridNews