Стрелците имаа забележителен настап во новата рунда во Општинската фудбалска лига постигнувајќи 27 погодок на четири натпревари.
Најефикасен натпревар со десет голови одиграа Славеј и Лакочереј кој заврши без победник 5-5. Воска со убедливи 6-1 го совлада тимот на Рудар, а исто лесен триумф славеше Дебрца над Св. Петар 4-0, додека Вулкан на гостински терен со победа над Вапила 4-2 ги освои трите бодови.
Резултати: Воска – Рудар 6-1, Славеј – Лакочереј 5-5, Дебрца – Св. Петар 4-0, Вапила – Вулкан 2-4.
Табела: Лакочереј 35, Воска 32, Дебрца 30, Рудар 26, Вулкан 22, Вапила 20, Славеј 12, Лешани 8, Св. Петар 7, Злести 4.
OhridNews