Серијата победи на Лакочереј во Општинската фудбалска лига ја стопираше Воска на „Грашница“ победувајќи во дербито со 4-0.
Воска еден погодок постигна во првиот дел, а четвртата победа ја завери со три голови во второто полувреме од натпреварот.
Поразот на Лакочереј го искористи тимот на Дебрца кој со минималната победа над Вулкан (1-0) се изедначи на врвот од табелата.
Резултати: Вапила – Рудар 3-3, Дебрца – Вулкан 1-0, Злести – Св. Петар 0-3, Славеј – Лешани 5-1, Воска – Лакочереј 4-0.
Табела: Лакочереј 18, Дебрца 18, Рудар 16, Воска 12, Вулкан 12, Вапила 10, Св. Петар 6, Славеј 3, Лешани 3, Злести 3.
OhridNews