Екипите на Славеј и Дебрца го делат врвот во Општинската фудбалска лига по одигрувањето на есенската полусезона.
Екипата на Славеј од Мешеишта.
Славеј и Дебрца имаат идетинечен скор од шест победи и еден пораз и со 18 бодови се рамо до рамо на врвот.
Славеј е првопласиран поради подобра гол разлика, а после Дебрца на табелата следуваат Рудар со 12 бодови, Вулкан со 10, Лакочереј 8 и други.
Во ОФЛ на крајот од сезоната се игра завршница, односно првопласираните четири екипи разигруваат за местото кое води ранг погоре односно во Третата лига југо-запад.
Табела: Славеј 18, Дебрца 18, Рудар 12, Вулкан 10, Лакочереј 8, Св. Петар 6, Вапила 4, Лешани 3.
OhridNews