Фудбалерите на Лакочереј ја освоија шампионската титула во Општинската фудбалска лига и обезбедија директен пласман во бараж мечевите за влез во Третата лига.


Во последната рунда лидерот на табелата успеа да остане непоразен на гостувањето кај Дебрца ремизирајќи 2-2 и со што го зачува првото место.

Од вториот до петтиот на табелата во ОФЛ ќе играат за преостанатото место во баражот за приклучување еден ранг погоре.

Во 1/2 финалето од разигрувањето следниот викенд ќе се сретнат Сатеска – Рудар односно Дебрца Воска.

Резултати : Злести – Вапила 4-2, Рудар – Сатеска 1-6, Дебрца – Лакочереј 2-2, Славеј – Воска 0-3 (службено), Илинден – Св. Петар 0-3.

Табела : Лакочереј 42, Сатеска 40, Дебрца 39, Воска 36, Рудар 25, Злести 20, Вапила 19, Илинден 14, Славеј 12, Св. Петар 9.

Мх.П.