Фудбалерите на Сатеска сиот свој бес за ремито со Дебрца го истурија на домашен терен против Воска победувајќи ја со убедливи 9-1.


Лидерот на табелата Охрид со 7-2 го совлада Лакочереј во дербито на колото и ја одржа разликата од три бодови на табелата.

Победи во 13-то коло забележаа уште Вапила и Дебрца кои ги совладаа Злести (2-1) односно Рудар (3-0). Бодовите ги поделија Вулкан и Св. Петар играјќи 1-1.

Резултати: Вапила – Злести 2-1, Охрид – Лакочереј 7-2, Сатеска – Воска 9-1, Дебрца – Рудар 3-0, Вулкан – Св. Петар 1-1.

Табела: Охрид 34 бодoви, Сатеска 31, Дебрца 30, Лакочереј 26, Воска 15, Св. Петар 12, Вулкан 11, Вапила 9, Злести 6, Рудар 4.

OhridNews