Екипите на Рудар, Воска, Дебрца и Лакочереј го продолжија победничкиот низ во Општинската фудбалска победувајќи и во втората рунда.


Рудар, Воска и Лакочереј на домашен терен ги совладаа екипите на Злести (5-3), Вапила (5-2) односно Вулкан (4-1).  На гостинска победа се радуваше тимот на Дебрца кој со 4-3 го совлада Славеј.

Резултати: Рудар – Злести 5-3, Воска – Вапила 5-2, Лешани – Св. Петар 3-5, Славеј – Дебрца 3-4, Лакочереј – Вулкан 4-1.

Табела: Рудар 6, Воска 6, Дебрца 6, Лакочереј 6, Св. Петар 3, Лешани 0, Вапила 3, Злести 0, Славеј 0.

OhridNews